Select Page

#МКД2030

Рамката за развој МКД2030 е стратешки документ кој се изготвува по иницијатива на претседателот
Стево Пендаровски

Што е МКД2030?

Како долгорочна визија за развојот и иднината на земјата, МКД2030 ги утврдува политиките кои треба да се постигнат до следната деценија и областите во кои треба да се фокусира државата со цел напредок и подобар живот на граѓаните.

Рамката за развој МКД2030 е автентичен документ изработен преку консултативен процес со националните институции, бизнис секторот, академската заедница, граѓански и меѓународни организации и истакнати професионалци од повеќе области.

Во фокусот на #МКД2030 се:

дигитализација;

успешна децентрализација;

демократизација;

реформирани и модерни еколошки, економски, аграрни и здравствени политики;

реформи во образованието и науката;

потребите на младите со цел да се намали нивната миграцијата и одливот на стручни кадри од земјава.

За да го постигнеме ова, потребно е да изградиме ефикасна јавна администрација, да создадеме еднакви можности за сите и успешно да се избориме против корупцијата.

Зошто е потребна МКД2030?

Затоа што ни е потребна заедничка визија за развојот на земјата, која ќе биде поддржана со широк национален консензус.

Решенија кои ќе бидат одржливи, спроведливи, прифатени и транспарентни.

Рамката за развој МКД2030 e патоказ кој ќе ја дефинира долгорочната стратегија и ќе даде насоки каде Северна Македонија би ги фокусирала своите ресурси со цел да постигне напредок и подобар живот за граѓаните, а во согласност со националните приоритети и стратешките цели на земјата.

Зошто е потребна
МКД2030?

Како се изработува?

Рамката за развој #МКД2030 ја создаваме преку транспарентен и инклузивен процес кој го води Кабинетот на претседателот.

Во првата фаза на изработка на стратешкиот документ, со широка консултација се вклучени претставници од повеќе сегменти во општеството, претставници од националните институции, бизнис секторот, академската заедница, граѓански и меѓународни организации и истакнати професионалци од повеќе области.

МКД2030 ќе биде објавена кон средината на 2022 година. Како стратешки документ ќе ѝ биде понудена и на Владата како насоки за планирање и реализација на приоритети.

Рамката за развој МКД2030 ќе претставува подлога за изработка на Националната стратегија за развој 2021-2041, процес кој ќе го води Владата на Република Северна Македонија.

Приоритетите што ќе произлезат од МКД2030 ќе бидат појдовна точка во Националната развојна стратегија, како сеопфатен процес за долгорочно планирање, следење и надградување, во кој ќе бидат вклучени и постоечките процеси за интеграција во ЕУ.

Наша задача е да ги препознаеме виталните приоритети без кои развојот би бил невозможен, и да се вложиме во нивно остварување.

Како држава располагаме со ограничени човечки и финансиски ресурси и не треба да губиме време на прашања кои ги надминуваат нашите способности. Реалната состојба ни е позната на сите – иселувањето на младите продолжува, пасивност на електоратот, ниска доверба во институциите, длабока поделба во општеството по повеќе основи и зголемена нееднаквост во примањата.

Од овие причини потребно е преосмислување на постулатите на нашиот економски и социјален развој и споделена визија за развојот на државата, поткрепена со национален консензус и координирани политики согласно реалните потреби и очекувањата на граѓаните. Таквите политики мора да се остваруваат на ефикасен начин без непотребно трошење на ограничените ресурси. МКД2030 содржи проценка на силните страни во ресурси и човечки капитал и ги утврдува слабостите каде се потребни повеќе ресурси, труд и вложување.

Ја создаваме #МКД2030 за да биде остварлива.

Стево Пендаровски,
Претседател на Република Северна Македонија

ПРИДОНЕСИ И ТИ ВКЛУЧИ СЕ

Демократијата се јакне со практичните примери на учеството на граѓаните во процесот на одлучување и креирање на државните политики.

Кабинетот на претседателот е отворен за сите граѓански иницијативи, предлози и сугестии кои имаат за цел унапредување на #МКД2030 и подготовка на конкретни и конструктивни решенија коишто ќе претставуваат реален интерес за нашите граѓани и ќе придонесат за развој на државата и општеството.

Заеднички да создадеме подобра иднина.

6 + 9 =