#МКД2030

Рамката за развој МКД2030 е стратешки документ изготвен по иницијатива на претседателот
Стево Пендаровски

Што е МКД2030?

Како долгорочна визија за развојот и иднината на земјата, МКД2030 ги утврдува политиките кои треба да се постигнат до следната деценија и областите во кои треба да се фокусира државата со цел напредок и подобар живот на граѓаните.

Рамката за развој МКД2030 е автентичен документ изработен преку консултативен процес со националните институции, бизнис секторот, академската заедница, граѓански и меѓународни организации и истакнати професионалци од повеќе области.

Приоритети на рамката за развој МКД 2030

1

Забрзан економски раст

2

Повисока заштита на животната средина и реформирана енергетска политика

3

Дигитализација

4

Образование, млади и инклузивен развој

Почитувани,

Пред вас е Рамката за развој МКД 2030, документ кој го најавив уште на почетокот на мојот мандат имајќи ја во предвид специфичноста на геополитичкиот контекст во кој тогаш и денес се наоѓаме како членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија.

За жал, пандемијата на Ковид-19 која ги забави процесите на планирање и на глобално и на национално ниво, придонесе првичната идеја овој документ да биде достапен за македонската јавност до крајот на 2020-та година, да биде оневозможена.

Меѓутоа, иако подоцна од планираното, особено сум задоволен што сите активности се конечно финализирани и што, како држава, подготвивме документ поддржан од институцијата претседател на Република Северна Македонија што ги дефинира приоритетите за тоа како и со кои стратегии до крајот на оваа деценија можеме да поттикнеме севкупен економски и општествен развој, да ја зголемиме довербата во институциите и да го намалиме иселувањето на младите.

Рамката е изготвена низ процес на широки консултации, обединувајќи го експертскиот потенцијал и искуство на некои од најдобрите умови во нашето општество. Почнувајќи од стопанските комори, до малите занаетчии, локалната власт, политичките субјекти, претставници на владата, универзитетски професори, меѓународни економски експерти со потекло од земјава, граѓански организации, поединци од различни генерации со знаење и искуство, поранешни министри. Накусо, сите оние кои ѝ мислат добро на сопствената држава беа вклучени во различните фази од изработката на овој документ.

Преку МКД 2030 се обидовме да понудиме платформа околу која ќе се обединиме како општество, затоа што нам ни е нужно утврдените приоритети кон кои ќе се насочиме во наредниот период да бидат поддржани со широк општествен консензус. Очекувам дека оваа прва „Рамка за развој “МКД2030“ која го опфаќа периодот до крајот на оваа деценија, ќе биде составен дел од Националната развојна стратегија 2022-2042 и секторските политики на актуелната Влада, како и од програмата на секоја наредна влада без разлика која политичка опција ќе биде на власт.

Во однос на деловите и целината на документот очекувам аргументирана критика и однапред ги поздравувам ставовите кои ќе поттикнат дебата за понудените идеи и предлози. Само на тој начин ќе влијаеме врз јавниот дискурс и генералната јавност ќе ја насочиме во поддршка на идните конкретни оперативни чекори кои се потребни за позитивни промени во животот на сите граѓани.

Како држава, со Рамката за развој МКД2030 добиваме документ зад кој стои македонската експертска заедница и патоказ кој доколку биде интегрално имплементиран може да придонесе Република Северна Македонија да стане подобро место за живеење во кое граѓаните ќе имаат шанса да ги реализираат своите потенцијали.

На сите поединци кои во изминатиов период несебично работеа и кои дадоа придонес за создавањето на овој документ, им изразувам искрена благодарност.

Стево Пендаровски

Преземи ја Рамката за развој МКД 2030

Обраќање на претседателот Пендаровски на промоцијата на Рамката за развој МКД 2030

Благодарност до:

Рамката за развој МКД 2030 е изработена со значаен труд на проф. д-р Силвана Мојсовска, која посветено работеше на истражувањето, консултациите и обликувањето на документот.

Упатуваме голема благодарност до сите кои дадоа особен придонес во изработката на Рамката за развој МКД 2030:

Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии и експерт за финансиски прашања

Владимир Глигоров, искусен истражувач, Виенски институт за меѓународни економски студии (Vienna Institute for International Economic Studies)

Рилинд Кабаши, економист, Виенски Институт (Joint Vienna Institute)

Зоран Јовановски, експерт, Потпретседател на Стопанска комора на Северна Македонија

Анета Пешева, Претседател на МАСИТ

Штефан Петер, Претседател на Совет на странски инвеститори и Претседател на УО на ЕВН

Трајан Ангелески, Претседател на Сојуз на Стопански комори на Северна Македонија

Јелена Арсовска, Извршен директор, АмЧам

Миша Поповиќ, Институт за демократија Социетас Цивилис

Билјана Петковска, Македонски институт за медиуми (МИМ)

Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)

Жанета Трајкоска, директорка на Институт за комуникациски студии

Алијанса на организации за заштита на животната средина „Разбистри сѐ!

Национален младински совет на Македонија (НМСМ)

Младински образовен форум (МОФ)

Оливера Савеска, активистка за правата на лицата со попреченост

Елеонора Запрова, директорка на Британски Совет во Северна Македонија

Хелсиншки Комитет за човекови права на Северна Македонија

Македонски центар за меѓународна соработка

Би сакале да се заблагодариме искрено на сите општествени чинители кои се одзваа на поканата да бидат дел од процесот на консултации за изработка на МКД 2030:

Љупчо Коцарев, Претседател на МАНУ

Бранко Азески, Претседател на Стопанска комора на Северна Македонија

Антони Пешев, Извршен директор на Стопанска комора на Северна Македонија

Ајдован Адемоски, Претседател на МАТТО

Неби Хоџа, Претседател на Стопанска комора на Северо-западна Македонија

Никица Мојсоска Блажевски, Директор на „Македонија 2025“

Патрик Мартенс, Директор, Делегација на германско стопанство во Северна Македонија

Дарко Димовски, Претседател на Сојуз на синдикатите на Македонија

Симонида Кацарска, извршна директорка на ЕПИ

Алберт Муслиу

Коалиција „Маргини“

Реактор